Легендарните Леб и Сол месецов ке отпатуваат за Австралија каде ке одржат неколку концерти во организација на Feel Balkan од Мелбурн. Австралиската турнеја ке започне со концертот во Перт во познатиот Чарлс Хотел на 26-ти октомври. Реномираната инструментална група “smRts” која котира високо на чартовите во Западна Австралија, ќе има за можност да ја загрее публиката пред настапот на Леб и Сол.
На 27-ми октомври Леб и Сол ке одржат голем концерт во центарот на прекрасниот Мелбурн во еден од најдобрите рок/џез клубови “The Hi-Fi”. Концертот во Мелбурн ќе има можност да го отвори балканскиот бенд „Група Дама“ кој има настапувано како предгрупа за десетина рок бендови од Балканот во последните неколку години. Пред Леб и Сол а и за време на концертот, планирано е да настапи познатата џезерка од Музичката Академија на Викторија, Мими Велевска.
Како дел од Турнејата, организаторот Feel Balkan реши да направи вечерно пловење низ преубавиот Сиднејски залив со брод на 31-ви октомври. Ова ќе биде убава можност за обожавателите на Леб и Сол да се запознаат лично со бендот. Жива музика од локални естрадни уметници ке ја забавуваат публиката за време на вечерата на бродот.
Турнејата ке продолжи со концерт во главниот град на Австралија, Канбера, на 1-ви ноември во клубот Holy Grail, Кингстон.
Од Канбера бендот пак ќе се врати во Сиднеј на 3-ти ноември каде се планира огромен концерт во салата на “The Hi-Fi” која е на неколку нивоа со капацитет од преку 1000 гости. Концертот во Сиднеј ќе го отворат култниот рок бенд Knot со нивната функ/рок музика. Како пред група ќе настапи и познатиот Австралиски бенд “Celestial Underground” кој се високо котирани на Австралиските топ листи со нивната “world” музика.
Турнејата ќе се заврси со концертот во клубот “The Hi-Fi” во центарот на Бризбејн на 4-ти ноември. И за овој концерт публиката ке ја загреат два популарни рок и блуз бендови, “Artisan Kin” и “One Frat Back”.
Организаторот Feel Balkan свесно одлучи да се направат концертите во клубовите “The Hi-Fi” во поголемите градови, поради квалитетот на озвучување и осветлување понудено во истите, а е на највисоко ниво во Австралија.
Ова е голем чекор за промовирањето на македонската култура и музика на новиот континент, во што организаторот има искуство со бројните проекти во оваа област.
За повеќе информации околу турнејата на легендарните „Леб и Сол“, информирајте се на веб страната на Feel Balkan.