Од утре (четврток, 3 јануари) па се до 3 март во книжарницата „Феникс“, се одржува традиционалниот Фестивал на читањето и чајот.
Во оваа пригода ќе биде објавено и култното издание “Книга за чајот” од јапонскиот писател и истражувач, Какузо Окакура.
Фестивалот ќе заврши со соопштување на добитниците на наградата “Прозни мајстори”. За неа се натпреваруваат македонските автори, кои објавија дела во 2012 година.