Започна „Неделата на дизјанот“

Во „Куршумли ан“, со концерт на Ѓорги Шаревски синоќа свечено беше отворено второто издание на манифестацијата „Недела на дизајнот во Скопје“, која до  10 сепетември ќе се одржува во Скопје.

Министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска на отворањето го истакна значењето на манифестацијата која ќе ги презентира актуелните, современи тенденции во областа на дизајнот, ќе го лоцира местото на македонскиот дизајн на светската сцена, но и ќе овозможи размена на  искуства со врвните дизајнери од целиот свет.

На годинешното издание на „Неделата на дизaјнот во Скопје“,  над 50-те учесници, реномирани експерти во оваа област од целиот свет како и од Финска, годинешната престолнина на дизајнот, ќе  ја спротистават  сопствената индивидуалност и креативност и ќе застанат пред главниот предизвик да  покажат колку дизајнот е неопходен за економијата и колку ја облагородува средината во која живееме.

 

 

You May Also Like