„Во театарот на светот“ роман на С.Бенџамин Трејси

На тринаесетгодишна возраст скротил див пастув. Ги учел науките, философијата и литературата во академијата на Аристотел. Назначен за регент на својата нација и победник во битка на шеснаесет годишна возраст. Ги победил војските на Атина и Теба заедно со својот татко, кралот Филип Втори, во битката кај Херонеја на осумнаесетгодишна возраст. За да на дваесет годишна возраст, губејќи го татка си од рацете на убиец, од војската биде избран за крал на Македонија.

Ова се некои од многуте рани достигнувања и настани од животот на најголемиот крал-воин во светската историја: Александар Велики. Искусете ги адолесцентните години, раната еволуција на Александар низ неговите очи и од длабината на неговиот ум, гледајќи го неговиот свет како актер на сцена.
Разликувајќи се од другите фиктивни дела за Александар, овој роман е интимен, вовлекувајќи го читателот во процесот на создавање на македонскиот принц-воин. Самиот наслов е направен врз основа на еден цитат на Александар од неговото подоцнежно владеење, врз кој авторот ја гради темата за романот. “Го организирав ракописот” вели Трејси во Македонска Нација, “верувајќи дека Александар гледал на своите амбиции и искуства низ призмата на еден актер, којшто го живее својот живот на сцена. Па така стилот и темата на романот е театар.

Романот, којшто од американското издание е преведен на македонски од страна на Дарко Миовски, е нов прилог кон жанрот на историска фикција, и е уникатен по својот лирски наративен стил. Мапата и илустрациите од различни автори дополнително го зголемуваат впечатокот, вклучувајќи ги и оригиналните цртежи на авторот на романот. Инспирација на Трејси за да ја напише книгата била комбинацијата на фасцинација, ентузијазам и страст за Александар Велики и неговата татковина Македонија, водена од потребата да му даде глас, и да им даде живот на пејзажот и културата на античка Македонија. “Земете од моите сеќавања што ви е драго” вели Александар во прологот на романот, “зашто јас ништо не задржав, откривајќи ги сите мои фази, светли и темни…

Други книжевни дела на С. Бенџамин Трејси се објавени во “UMD Voice” и “Zadruga”. Интервјуа со авторот направени од страна на Александра Донски се објавени во “UMD Voice”, “Macedonian News” во Торонто, благодарение на уредникот Лилјана Ристова, “Australian-Macedonian Weekly” од Викторија, и “American Chronicle” благодарение на авторот и историчар Ристо Стефов. Интервју со авторот направено од страна на Александар Стеванов е објавено во “Македонска Нација”.

Авторот е член на Обединетата Македонска Дијаспора, “Hope Builder” на Habitat for Humanity-Macedonia, и е активен поддржувач на македонско-американската заедница. С. Бенџамин Трејси има звање магистер по образование, а воедно има и дипломирано уметност, како и државен сертификат запознавање на латински јазик.

Доколку сакате да го набавите македонското издание на книгата, посетете ја веб страната или директно контактирајте ја С. Бенџамин Трејси на cbenjamintracy@yahoo.com.

You May Also Like