Новела од Османли во сефардското списание „Лос Муестрос“

Новелата „Смртта на Ерусалим“, која е дел од книгата „Светилка за Ханука“, од македонскиот автор Томислав Османли ќе биде објавувана во неколку следни броеви на интернационалното списание „Лос Муестрос“ кое излегува во Брисел.

Во најновиот број на ова меѓународно списание, кое ја афирмира сефардската култура и историја, објавен е првиот дел од новелата во превод на англиски.
„Смртта на Ерусалим“ раскажува за подготовките и конечното уништување на една од најстарите еврејски и најголемата сефардска урбана заедница во светот, онаа на Солун, и нејзиното масовно уништување во Втората Световна војна.

Новелата ќе се објавува во продолженија во печатена и во електронска верзија на списанието „Лос Муестрос“. Инаку ова е 10. по ред објава на прозен текст од Османли во „Лос Муестрос“

You May Also Like