Со голема роденденска забава вечер (вторник, 7 август, 2012 година) во Центарот за култура, со почеток во 20:00 часот, детскиот театар „Бабец“ од Битола ќе го прослави својот втор роденден.
За време на роденденската забава, под мотот „Да бидеме хумани и да подариме љубов“ ќе има и хуманитарна акција на која посетителите ќе можат да донираат финансиски средства или играчки наменети за Домот за доенчиња во Битола.
По повод вториот роденден на „Бабец“ најмладите на забавата ќе можат да другаруваат со Ариел, Снежана, Заспаната убавица, Спајдермен, Гарфилд…