Концерт „Funhouse project“ на Бит Фест

Во вторник ( 7 август, 2012 година) на програмата на БИТ ФЕСТ со почеток во 21:00 часот пред Домот на АРМ во Битола ќе се одржи концертот на Дијана и пријателите, насловен како Funhouse project.

Целта на овој проект инициран од НВО Сариса, а поддржан од БИТ ФЕСТ, е промоција и афирмација на млади музичари, односно промоција и афирмација на високо образован музичар по удирачки инструменти Дијана Трајковски. Дијана е млад високообразован музички деец, која е и еден од ретките високо-образовани музичари на овој вид на инструмент.

You May Also Like