По повод 23 Октомври – Денот на македонската борба, делегација од Град Скопје положи цвеќе во паркот „Жена борец“.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева во чест на големиот македонски државен празник 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, положија цвеќе пред Споменикот на основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација во паркот „Жена борец“.
По повод овој голем празник цвеќе положија и делегации од Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Министерството за одбрана и АРМ, претставници на здруженијата на борци, претставници на дипломатските претставништва, политички партии и други здруженија.