Иво Пецов изложува во КИЦ Софија

Вечерва (четврток, 18 април) во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, со почеток во 18:30 часот, ќе биде отворена изложбата “Варијации” oд Иво Пецов.

Ликовниот уметник Иван Пецов од Виница, има завршено Академија за ликовни уметности во Софија, магистрирано графика и докторирано на тема ѕидно сликарство. Зад себе има остварено бројни самостојни изложби во нашата земја, Португалија и Бугарија.Учесник на бројни групни изложби и член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија од 2004 година.

Изложбата на ликовниот уметник Иво Пецов во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија, ќе ја отвори директорот Васко Шутаров, а проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

You May Also Like