Театар Комедија со претстави и за странците

Театар Комедија со помош на поддршката од Советот на странски инвеститори при Стопанската Комора на Рапублика Македонија, во интерес на достапноста на театарската уметност до странските државјани, туристи, дипломатски корови во Република Македонија, на 21 мај (среда) ќе ја одигра претставата „За секого има по една“ од бардот на македонската модерна драматургија Венко Андоновски, со превод на англиски јазик.

THERE IS ONE

Театар Комедија играњето на своите претстави со англиски превод ќе го воведе во праксата на својата репертоарска политика Од досегашното искуство, присуството на странските државјани на културните настани во Македонија, било најмалку забележано на театарските претстави поради јазичната бариера. Со овој чекор се надеваме дека ќе ја отстраниме таа пречка и дека странската публика ќе стане од нашите полни сали – велат од Театар Комедија.

You May Also Like