Хуманитарен штанд за Христина Николовска

Денеска и утре граѓаните на Скопје можат да ги посетата хуманитарните штандови поставени во центарот на градот, каде што се собираат средства за помош на Христина Николовска.

nasmej_se_humanitarna_akcija_kristina_nikolovska

Станува збор за хуманитарен штанд кој ќе биде поставен на градскиот плоштад кај градската кафеана „Пелистер“ на 19 и 20 Мај и пред Универзитетот ЈИЕ (стоковна кука Мост) на влезот на Стара скопска чаршија на 21 и 22 Мај.

На штандот ќе се продаваат најразлични производи, блузи, ташни, перничиња, тетратки, сувенири, книги, матријали на мертажа и друго, а средствата целосно ќе бидат наменети за операција на Христина Николовска која боледува од Остеогенезис имперфекта (тешки и трајни пречки на локомоторниот систем и тешки телесни деформитети) и која после седумнаесет години поминати во количка може да се оперира во болницата „Филип Втори“ за што се потребни 610.000,00 денари а по операцијата ќе може нормално и непречено да оди.

Дојдете и купете си некој убав производ за себе и своите блиски и со тоа донирајте за да помогнеме во остварувањето на еден сон. Целиот свет не можеме да го промениме но еден живот можеме – велат организаторите.

You May Also Like