„Икс-Мен: Денови на идното минато“ и во македонските кина

Студиото „Twentieth Century Fox“ ја подготви новата авантура на најпопуларните филмски мутанти во филмското остварување „Икс-Мен: Денови на идното минато“! Македонската публика ќе има можност да ужива во седмото продолжение на култниот серијал „Икс-Мен” на редовниот репертоар на домашните кина ќе се најде од 22 мај.

IH7A9802.CR2

Во филмот „Икс-Мен: Денови на идното минато“ екипата на професорот Ксавиер и понатаму се бори за опстанок на мутантите. Предводени од Вулверин, патуваат низ времето и се враќаат во минатото за да ја пронајдат помладата верзија од себе си и да ги убедат да им се придружат во борбата за заедничката цел – опстанок на мутантите, но и луѓето.

Новото продолжение на култната филмска сага „Икс-Мен” ја собра актерската екипа од деловите „Икс-мен: Последното упориште” и „Икс-Мен: Прва класа”. Покрај веќе добро познатата актерска екипа (Хју Џекмен, Џенифер Лоренс, Патрик Стјуарт, Хало Бери…), во реализацијата на новото продолжение помогнаа и актерите Питер Динклиџ, познат како Тирион Ланистер од „Игра на тронови“, како и француската ѕвезда Омар Си, кој се прослави со улогата во филмот „Недопирливи“.

You May Also Like