Киното Cineplexx во месец март и официјално ќе започне со директниот пренос на оперските изведби од Метрополитен театарот во Њујорк.
На 01 март (сабота) со почеток во 18:00 часот ќе биде прикажана операта „Принц Игор“ од сезоната МЕТ 2013/14, во новата продукција на рускиот режисер Дмитри Черниаков.
Станува збор за познатата руска епска опера на Бородин, која повторно е поставена на репертоарот на МЕТ за прв пат по 100 години.