Зоо Скопје ќе се дружи со дечињата без родитители

Во понеделник (4 јуни 2012 година) со почеток во 11:00 часот, Зоо Скопје ќе се дружи и забавува со дечињата без родителска грижа сместени во згрижувачки семејства. Настанот го реализираат Црвениот крст на град Скопје во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје и Зоолошката градина Скопје во рамките на одбележувањето на Денот на згрижувачки семејства.

Зоо Скопје
Зоо Скопје

Настанот ќе се реализира во креативниот центар во Зоолошката градина Скопје. Во ова катче, децата и волонтерите на Црвениот крст ќе реализираат креативни работилници (цртање, боење, изработка на оригами), а потоа ќе имаат можност да прошетаат во Зоолошката градина, да ги погледнат животните и да се дружат.

Со овој настан ќе се потрудиме да се побудат повеќе детски насмеки, а традицијата со сигурност ќе ја продолжиме и наредните години, велат од Зоолошката.

Активноста е во рамките на проектот за социјализација на деца и млади со посебни потреби поддржан од Комерцијална банка а.д. Скопје.

You May Also Like