Второ издание на Eco Green festival

Втора година Eco Green Festival во Маврово Gramophonedzie,Bad Copy, Ареа, Бајага и инструктори и Гоце САФ дел од програмата на најголемиот еко фестивал во Македонија.

eco_green_festival

 

”Eco Green Festival 2014 со неизмерно задоволство го најавува гостувањето на култните Gramophonedzie како едни од главните артисти на фестивалот. Во редот на хедлајнери се вбројува и хип хоп составот Bad Copy, Plan G како и Бајага со неговите Инструктори. Главни македонски претставници ќе бидат рок составот Ареа и Гоце САФ кои поддржани од Dj Zomax и Dj Mac ќе ја комплетираат фестивалската музичка програма“ – информираат организаторите.

Од 11-ти до 13-ти Јули, втора година по ред Мавровоќе биде домаќин на најголемиот еко фестивалски настан во Македонија. Eco Green Festival 2014 покрај одличната музичка понуда, во својата понуда вклучува и други активности за сите оние кои ќе присуствуваат на ова одлично фестивалско искуство.

Покрај концертните часови, во текот на трите фестивалски дена општина Маврово ќе биде комплетно посветено на фестивалот, со цел да претстави дел од својата традиција, обичаи, како и понуда за туристите во летните денови. Како позната зимска туристичка дестинација, Eco Green Festival 2014 ќе биде искористен и за промоција на убавините и забавните содржини кои Маврово ги нуди и во останатите годишни времија.

Велосипедско искуство низ општина Маврово, рибарење на Мавровското езеро, дегустација на традиционално подготвени јадења, натпревари во брзо сечење дрва, влечење јаже се само дел активностите кои се наменети за дополнителна забава за посетителите на Еco GreenFestival 2014.

Со цел овозможување на вистинско фестивалското искуство, на самата локација на Eco Green Festival 2014 е организирана можност за кампување и поставување на камп шатори. Дополнително, значајно е да се напомене дека и оваа година, ќе се обрне посебно внимание на еколошкиот аспект на фестивалот. Најразлични еко акции ќе се оргранизираат во склоп на фестивалот, почнувајќи од чистење на околината и брегот на езерото, па се до собирање на целиот отпад по завршувањето на фестивалот.

Организаторите најавуваат вистинско фестивалско уживање во македонскиот туристички бисер. Одличната музичка програма и дополнителна забава за присутните е само повод граѓаните да дојдат на Eco Green Festival 2014 и да уживаат во свеж воздух и одлична еко забава.

You May Also Like