„Лавиринт“ во нашите кина од 18 септември

Еден ден Томас, изненадувачки и не знаејќи како, ќе се најде опкружен од непозната група на млади луѓе, на огромната Ледина опкружена со џиновски и застрашувачки лавиринт..

konkurs_kreiraj_lavirint

Вака започнува приказната за постапокалиптичниот свет на режисерот Вес Бол “Лавиринт – невозможно бегство” која ќе се најде на редовниот репертоар во нашите кина од 18. септември.

Во пресрет на филмот дистрибутерската куќа МЦФ МКД ги повикува сите љубители на мистериозните авантури да нацртаат, фотографираат или да дизајнираат свој Лавиринт, и да освојат супер награди.

Од МЦФ КМД велат: „Лавиринтот може да биде креиран од разни предмети, нацртан на маица, беџ, на ѕид како графит, корица од книга….Не е дозволено да се користат оригиналните визуелни елементи од филмот “Лавиринт – Невозможно бегство”(фотографија, официјалниот постер, официјалниот фонт). Изработките ќе може да ги испратите на следнава адреса mcfmkd@gmail.com најдоцна до 14 Септември во 23.00 часот. Името на наградениот автор/ка ќе биде објавено на 17. Септември во 12.00 часот на Facebook страната на дистрибутерската куќа МЦФ МКД и на сајтот fashionel.mk.

Петте најкреативни изработки по избор на дизајнерскиот тим на сајтот fashionel.mk ќе освојат специјална награда “Лавиринт-невозможно бегство”која е составена од две влезници за филмот во термин по нивен избор“ – вели дистрибутерот МЦФ МКД.

You May Also Like