Во среда (09.05.2012), Локалниот инженерски натпревар (EBEC) кој се одржува во просториите на ФЕИТ/МФС, годинава по 3-ти пат ќе биде свечено отворен од страна на деканот на ФЕИТ Проф. д-р Миле Станковски и деканот на ФИНКИ Проф. д-р Димитар Трајанов, деканот на МФС Проф. д-р Атанас Кочов, претставници од Автонова – Цитроен Скопје, претставници од Сивус едукативниот центар и претставници од студентската организација БЕСТ Скопје.
Свеченото отварање ќе се одржи во амфитеатарот на ФЕИТ/МФС, во среда (09.05.2012) со почеток во 10 часот.
Примарна цел на Европскиот БЕСТ Инженерски Натпревар, во организација на студентската организација БЕСТ Скопје, е да ги поврзе студентите со лидерите на различни делови од општеството, на креативен и иновативен начин да им овозможи на студентите тимски да решаваат комплексни инженерски проблеми, развивајќи ги нивните технички способности.
На третото издание на натпреварот, кое ќе се одржи од 9-11.05.2012, студентите ќе се натпреваруваат во три категории: Team Design, Case Study и IT Competition.
На 09.05, среда, Автонова Цитроен Скопје ќе одржи кратка презентација, по што официјално почнува првиот ден од натпреваварувањето во категоријата Case Study.
Досега во Скопје се организирани два локални инженерски натпревари на кои учествувале над 80 студенти, а заинтересираноста и бројката на пријавени достигнува и над 300 студенти.
За сите дополнителни информации околу распоредот на натпреварот може да ја посетите веб страната www.ebec.best.org.mk
————————————————————-
За БЕСТ Скопје
БЕСТ е неполитичка и непрофитна студентска организација која нуди можности за учење и личен развој и напредок за идните инженери. БЕСТ е присутен во повеќе од 90 технички универзитети во 32 Европски земји и е достапен за преку 1.000.000 студенти. БЕСТ го промовира Европскиот дух и ја охрабрува комуникацијата и работата во мултикултурна средина преку настаните кои ги организира – академски курсеви, инженерски натпревари, едукативни симпозиуми, саеми за вработување.