Театар 007 со комедија „Фани мани“ гостува во Гевгелија

Утре (петок, 23 декември 2011 година), на сцената на новиот театар во Гевгелија ќе гостува Театарот 007  со култната хит комедија „ФАНИ МАНИ“ во режија на Коле Анѓеловски. Со изведбата во Гевгелија оваа претстава ќе го одбележи и своето јубилејно 100-то прикажување пред македонската публика.

„Чест и задоволство ми е што ТЕАТАР 007 е дел од никулецот на создавање редовен репертоар на Градскиот театар во Гевгелија. Задоволството е дотолку поголемо што на гевгеличани ќе им ја понудиме вистинската хит комедија „ФАНИ МАНИ“. Воедно, им посакувам успех и репертоар каков што заслужува Гевгелија“ изјави продуцентот на Театар 007, Миодраг Костиќ.

Во изминатите 10 години, оваа претстава стана вистински хит и миленик на македонската публика, поради несекојдневните комични ситуации изведени од одличната актерска екипа: Благој Чоревски, Марија Кондовска, Ванчо Петрушевски, Димче Мешковски, Катерина Коцевска, Владимир Дади Анѓеловски и Лазе Манасковски.

На свечената изведба на претставата „ФАНИ МАНИ“ на 23 декември со почеток од 19:30 часот, во Градскиот театар – Гевгелија, продуцентот на претставата Виолета Илиоска ќе ги врачи и специјални признанија и плакети на актерите и режисерот на оваа претстава за истрајност, посветеност и врвни креативни достигнувања.

По свечената изведба на претставата во Гевгелија, скопската и македонска публика ќе може да ужива со оваа претстава на матичната сцена на ТЕАТАР 007 во Универзална сала – Скопје на 26 и 30 јануари 2012 година.

You May Also Like