Изложба на Верица Ковачевска насловена „Две и пол соби“ во Мала станица

Утревечер, (четврток, 22 декември 2011 година) во Националната галерија на Македонија, објект Мала Станица, со почеток во 20:00 часот, ќе се отвори изложба на Верица Ковачевска со наслов „Две и пол соби“.

Две и пол соби е изложба на Верица Ковачевска, која поврзува истовремено неколку простори – виртуелен и реален, јавен и приватен, рекреативен и работен, и минат и сегашен.

Во неа се наоѓаат архиви на веќе настанати проекти што содржат видеодокументација и елементи од проектите. Со нивната употреба, се активираат архивите. На пример, во соба 1, делото се активира со употреба на глушецот со кого публиката виртуелно може да прошета низ нејзиното студио и дело, Студио бр. 4. Во една од архивите (соба 3) ре-креиран е и просторот во кој се создадени делата.

Овој начин на презентација е карактеристичен за Ковачевска, чии дела од една страна често се случуваат во некој простор оддалечен од публиката и се доживуваат преку одреден медиум, a од друга страна публиката во нив има активна улога. Со овие архиви оригиналните дела се пресоздаваат во нов простор и контекст, со што добиваат друга димензија.

Изложбата ќе биде отворена до 7 јануари 2012 година.

You May Also Like