Тања Балаќ со инсталација на „Охридско лето“

Академскиот сликар Тања Балаќ, вечер (недела, 22 јули) во Куќата на семејството Касапови, (спроти пицеријата „Лео“), во рамки на „Охридско лето“ ќе ја постави инсталацијата во простор „Здивот на животот, со името втиснат“.

 

Перформансот е резултат на тематската инсталација „Секспресија“, а за негови потреби ѕидовите се обложени со црно платно врз кое со крваво црвени букви се испишани одредени текстови кои се однесуваат на љубовта. Во средината е поставена кукла, облепена цела со весници, а на неа се испишани безброј текстови, мисли, цитати со црвена боја.Важен дел од инсталацијата е и музиката, која во континуитет  го следи  настанот, испреплетена со гласови и дијалози.
Балаќ досега реализирала над 12 самостојни изложби, учествувала во повеќе од 80 групни изложби во Македонија и во странство. Добитничка е на повеќе државни награди и е претседателка на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.

You May Also Like