Вечер (недела, 22 јули) во 21 часот во летното кино во Луна паркот ќе биде прикажано четвртото продолжение на акцијата „Невозможна мисија“.
Акцискиот трилер „Невозможна мисија 4: Дух протокол“ (MISSION: IMPOSSIBLE – GHOST PROTOCOL) трае 133 минути. Режијата е на Бред Бирд, а улогите ги толкуваат: Том Круз, Џереми Ренер, Пола Петон, Сајмон Пег.
Филмот имаше 6 номинации за наградите на Американската академија на научно-фантастични и хорор филмови и 2 номинации за филмските награди на музичкиот канал Ем-Ти-Ви.
Филмот „Невозможна мисија 4“ требаше да го означи старот на Нескафе киното во рамките на Скопско лето 2012 на 12 јули, но поради лошото време проекцијата беше поместена за денеска.