Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ настапува вечерва (29 мај 2012), на Гала концерт во големата сала на Националниот дворец на културата во Софија. На концертот на кој заеднички настапуваат со Ансамблите „Филип Кутев“ од Бугарија и „Коло“ oд Србија, „Танец“ ќе се претстави со најдоброто од својот богат репертоар.
Ансамблот „Танец“ е најпознатиот и најрепрезентативен претставник на македонскиот фолклор, амбасадор на македонската култура и уметност. Во своето 63 годишно постоење, имаат настапувано ширум светот, на сите континенти и добитници се на највисоки државни награди во Македонија, како и на бројни награди и признанија од гостувањата низ светот.