Одбележани 80 години од раѓањето на Петре М. Андреевски

Вчера во село Слоештица, Демир Хисар се одбележаа 80 години од раѓањето на бардот на македонската литература, Петре М. Андреевски.

petre_m_andreevski

 

Од родното село Слоештица бардот на македонската литература Петре М.Андреевски ги црпел своите најголеми творечки инпирации, рече неговиот син.

-Кога доаѓаше во Слоештица тогаш разговараше со дедо ми и тоа го документираше. Целото негово творештво се заснова на здрави факти бидејќи дедо ми Мито имаше многу информации за периодот на Балканските војни, Илинденот, влијанијата и мешањата српски и бугарски, вели Сергеј Андреевски, син на Петре М.Андреевски.

На гробот на Андреевски со поезија му беше оддадена почит на неговото творештво.

-Од името на друштвото на писателите на Македонија сакам да соопштам дека на есен друштвото ќе ја одбележи 80 годишнината од неговото раѓање, рече Кочо Топузовски, писател.

-Петре да остане засекогаш во нашите сеќавања, а неговите песни да бидат предизвик за сите млади актери за тоа што значи вистинска исконска македонска реч, рече Игор Џамбазов, организатор на културната програма.

Во чест на Андреевски, демирхисарската општина организираше петровденска поетска беседа и во дворот на родната куќа на поетот.

извор: tera.mk

You May Also Like