Steel Temple со концерт во летна Хавана

Викендов (сабота, 2-ри јуни)  во Летната дискотека Хавана во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 20:00 часот, концерт на скопскиот бенд Steel Temple. Специјални гости на концертот ќе бидат SERPENTINE FIRE и VICTIMS OF CHANGES.

STEEL TEMPLE е бенд кој постои од 2000 година. Почнуваат како хард-рок состав, но во 2001 година го менуваат вокалот и почнуваат да свират хеви метал. Набргу го снимаат својот прв албум „Барајќи го спасот“, кој е издаден во 2004 година со промоција во „Рекорд рекордс“. На промоцијата беше промовиран и видео спот за песната „Wake me“, кој беше втор видео спот на групата по спотот за песната „Рокенрол до крај“ една година порано. Имаат неколку турнеи низ цела Македонија во скоро сите градови. Забележителни настапи им се оние како на пример, Рок Фест 2000-та година, кога освоија второ место од публика веднаш зад Верка. Во 2006-та година се warm up за големите WHITESNAKE на концертот во Скопје, и поминаа со одлични критики како во медиумите, така и кај музичарите и публиката. Следната 2007-ма година се најдоа на ЦД-то на БАСТИОН, трибјут ЦД со преработки од познати македонски артисти, со преработка на песната „Деца Сунца“. Забележителен настап имаа и на првиот Wacken Metal Battle во Скопје во клубот Кастро. Истата година почнаа со снимање на вториот албум работно насловен ‘Nobody’s Slaves’ кој не беше издаден. Бендот ќе го видите во оргиналната постава од првиот албум, по неколкугодишна пауза. Моментално снимаат нов сингл кој треба да излезе негде во Мај. Членови на бендот се Филип Филиповски – вокал, Дениз Адил – гитара, Дарко Поповски – Блуз – сајзер, Маријан Петровски – бас, и Урош Вељковиќ – тапани. Концертов ќе биде шанса за оние кои никогаш не го слушнале и виделе овој бенд во живо, а и шанса за оние кои одамна не биле на вакво хеви метал шоу.

SERPENTINE FIRE е трешпрогресивхеви метал бенд од Скопје кој постои од 2005 година. Досега е снимен и издаден еден албум “Out To The Light” 21-ви Ноември 2008. Низ годините настапуваат на многу локални свирки и концерти низ земјата, исто така и учесници на многу фестивали Дојди Веслај Фест, Плагијат, двојни победници на Rock Fest 2006-та година и победници од публика на Total Demo Fest 2009-та година. Во моментот се работи на нов материјал и снимање на втор албум.

VICTIMS OF CHANGES е интересен состав сочинет од членови на Лелек, Siniac и Tribute To Death (Томе, Мето, Балтик, Сергеј, Марче). Можеби ги знаете по претходното име HEAVEN AND HELL, и знаете дека прават одлично хеви метал шоу со класици од Judas Priest, Black Sabbath, Rainbow, Kiss, Danzig…

Карти за концертот можете да набавите вечерта при влез по цена од 150 денари.

You May Also Like