„Танго трио“ во состав Пламенка Трајковска – виолина, Тони Пецанов – хармоника и Ајхан Киборд – пијано, вечерва (22 август, среда) со почеток во 20:00 часот ќе одржат концерт во Дојран на летната сцена Златен брег. На концертот ќе гостува танго двојка од Грција во состав Катаропулис Стаматис и Марина Елефтеру.
На програмата се дела од најзначајните танго композитори во стилот на танго традиционал и танго нуево како и композиции од најзначајниот современ танго композитор Астор Пјацола.
По концертот следи танго игранка – милонга на кој ќе земат учество танго двојки од Македонија и Грција.
Концертот е во рамките на 36 тите Дојрански ракувања и манифестацијата Топол културен бран а е поддржан од Министерството за култура и Општината Дојран.
—————————————————————
Танго трио постои две години со цел промовирање на танго музиката на нашите простори и досега има реализирано бројни концерти во Скопје, Штип, Велес, Струмица, Свети Николе, Демир Капија како и настапи во Србија и Грција.