Меѓународен хорски фестивал во Охрид

Утре (четврток, 23 август, 2012 година) во Охрид започнува петиот Меѓународен хорски фестивал. На него, до 27 овој месец, ќе настапат 42 хора од 16 држави.

Хоровите ќе настапуваат во Дијамантската сала во хотелот „Инекс-Горица“ и катедралната црква „Света Софија“, како и на повеќе локации на отворено.

Фестивалот е поделен на ревијален и натпреварувачки дел, а учесниците се поделени во неколку категории. Во натреварувачкиот дел има неколку настапи, како и на посебни концерти со атрактивна програма со изведба на поп и фолк композиции и духовна музика.
За квалитетот на изведбите во натпреварувачкиот дел ќе се погрижи стручното жири во состав: Стојан Курет од Словенија, Запро Запров од Македонија, Алиција Шелуга од Полска, Весела Пастармаџиева-Котелникова од Бугарија и Антун Долички од Хрватска.

 

You May Also Like