Студија за книжевноста од Марија Ѓорѓиева Димова

„Повторната средба на Клио и Калиопа“ на д-р Марија Ѓорѓиева Димова, претставува студија од областа на теоријата на книжевноста.Книгата е во издание на „Три“.

Предмет на истражувачкиот интерес на студијата е историографската метафикција  – еден особено актуелен романескен жанр во постмодернистичката книжевност кој е подложен на систематизирано теориско-херменевтичко промислување и на аналогна проверка на теориските сознанија низ интерпретативна илустрација.

Студијата е поделена на три дела (теориски и интерпретативни контекстуализации на историографската метафикција и заклучни согледби), кои се артикулирани во седум поглавја. Во нив историографската метафикција е евидентирана како романескна проекција на интертекстуалните и на интердискурзивните перцепции на книжевноста и како отелотворување на доминантните постмодернистички ориентации, кои се однесуваат подеднакво и на книжевната/уметничката практика и на теоријата на книжевноста.

You May Also Like