Изложба и монографија „Носијата од Долни Полог – Тетовско“

Денеска (среда, 14 ноември) во 12:00 часот во Музејот на Македонија ќе се отвори изложба „Носијата од Долни Полог – Тетовско“, а воедно ќе биде промовирана и истоимената монографија.

На изложбата ќе бидат презентирани четири целосни носии и делови од различна облека од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Носиите се дополнети и со соодветен накит кој се користел за украсување на невестинската и друга празнична облека.  Целта на изложбата е да се прикаже големото богатство на македонската народна носија.
Автор на концептот е Горданче Видиник, кустос-советник во Етнолошкиот оддел при Музејот на Македонија.

Монографијата „Носијата од Долни Полог – Тетовско“ од Видник ќе ја промовира проф.д-р Зоранчо Малинов.

You May Also Like