Ви го претставуваме тековниот репертоар во киното Милениум:
Второто продолжение од анимираната сензација Автомобили 2 во која ѕвездата на тркачките патеки Молња Меквин (Овен Вилсон) и неговиот најдобар пријател патуваат преку океанот за учество во големото Свтско Гран При. Патеката до шампионатот ќе стане возбудлива кога Метер ќе се најде во центарот на една друга, поинаква, поопасна авантура – меѓународна шпионажа. Дизни и Пиксар се на прагот на креирање на нов вид на супер херои со поинаква форма, но соmчовечки особини.
Режија: John Lasseter, Brad Lewis
Улоги: Owen Wilson, Larry the Gable Guy, Michael Caine
Проекции: понеделник/петок 17:30 и 20:00 часот
сабота/недела 11:00; 13:00; 15:00; 17:30 и 20:00 часот
Елизабет Халси (Камерон Диаз) е сиромашна учителка од Чикаго која ги навредува своите ученици, пие алкохол и зема разни “рекреациски“ дроги. Таа планира да се омажи за својот богат вереник, но кога тој ќе ја остави, се обидува да го освои Скот Делакорт (Џастин Тимберлејк) учител на замена, кој е исто така богат. Нивната колешка Ејми Сквурел (Луси Панч) исто така го “брка“ Скот, додека школскиот наставник по физичко Расел Гетис (Џејсон Сигел) е заљубен во Елизабет.
Нејзиниот план е да ги зголеми градите за да го освои Скот, ама не може да си дозволи тоа. Но, кога ќе дознае дека учителот што има најдобро бодувани ученици добива бонус Елизабет го менува методот на предавање, а учениците дознаваат една непријатна страна на својата учителка…
Режија: Jake Kasdan
Улоги: Cameron Diaz, Jason Segel, Justin Timberlake
Проекции: 22:30 часот
Циклус Европски филм: ПРЕКРАСНА И САКАНА ОД СИТЕ
(Од понеделник 03.10.2011.)
“Wonderful and Loved by All” е шармантна и оригинална филмска комедија, правена според новелата-бестселер „Бела“ од Martina Haag (воедно и главна протагонистка). Приказната се однесува на една амбициозна но очајна жена која сакајќи да дојде до работа, лажно се претставува како актерка и учествува на аудицијата за најновиот филм на Ингмар Бергман „Дванаесетата Ноќ“ (иако во времето кога филмот е сниман Бергман е жив целата приказна е фиктивна, а насловот е измислен како комбинација на неговите филмови „Седмиот Печат“ (The seventh seal) и „Зимска Светлина“ (Winter light)). Нејзините лаги стануваат се покомплицирани за да на крајот ја одведат во „пропаст“.
Посебна специфичност на филмот му дава фактот дека во голем дел е сниман во Стокхолмскиот Кралски Театар (каде Бергман бил директор во периодот од 1960-1966 година).
Режија: Ханс Холм
Улоги: Мартина Хаг, Николај Костер-Валдау, Горан Халберг
Проекции: понеделник-петок од 13:00 и 15:00 часот