„Студен јули“ од утре и во македoнските кина

Филмот „Студен јули“(Cold in July) конечно пристигнува во кино-салите по повеќегодишното работење на режисерот Џим Mикла на него, и претставува вистински возбудлив вестерн. Мајкл Си Хол, Сем Шепард и Дон Џонсон се неверојатно актерско трио во напнатиот трилер што публиката ќе биде во можност да го види од 10 јули во кината.

cold-in-july

 

Мајкл Си Хол, кој ја игра главната улога во „Студен јули”, со светска слава се здоби преку ТВ серијата „Два метра под земја” (Six Feet Under), каде што го играше хомосексуалецот Дејвид Фишер. Без оглед на контроверзноста што ја следеше оваа серија, Мајкл го покажа својот талент, и по завршувањето на оваа серија стана дел од ТВ серијата „Декстер“ (Dexter), што се прикажуваше во периодот од 2008 до 2013 година и ги урна сите рекорди во гледаност. Последната епизода од Декстер ја гледале 2,6 милиони гледачи низ целиот свет.

Мајкл Си Хал вака го опишува ликот на Лук Ричард Дејна, кого го игра во напнатиот трилер „Студен јули”: „Се чувствував ужасно кога заврши серијата ’Декстер’. Сфатив дека дел од мене ’прегоре’ по повеќегодишното толкување на ликот како Декстер – сериски убиец кој убива некого и потоа заминува да јаде сендвич. Додека го читав сценариото за филмот ’Студен јули’ видов дека мојот лик убил некој веќе на првите страници, но во основа се разликува од сите ликови што досега сум ги глумел. Во однос на ликот и светот околу него… Искрено, јас уживав глумејќи некој кој знае како да се покае. Филмот ’Студен јули’ беше еден вид на терапија за мене.“

Во фокусот на филмот „Студен јули” е семејниот човек Ричард Дејна (Мајкл Си Хол), кој додека ги проверува чудните звуци во неговата куќа, една свежа јулска ноќ во 1989 година во Тексас, го застрелува натрапникот Фреди Расел. Иако во градот го сметаат за херој, Дејна се плаши за безбедноста на неговото семејство, кога таткото на Фреди, Бен (Сем Шепард), пристигнува во градот. Татко му на застреланиот младич е поранешен осуденик, заслепен од желбата за одмазда. Локалната полиција е рамнодушна по инцидентот и е благодарна што сега има еден престапник помалку. Ричард наскоро сфаќа дека е само обична фигура во една многу поголема и страшна игра.

You May Also Like