Хорот „Хармосини“ на Бит Фест

Вечер (петок, 10 август, 2012 година) во 20:00 часот во храмот Свети Великомаченик Димитриј во Битола  македонско-византискот хор „Храмосини“ ќе одржи коцерт на црковно-византиско пеење.

Хорот Хармосини е формиран во 2006 година како продолжение на певницата која е дел од црквата Св. Ѓеоргиј во Криви Дол-Скопје, од Ристо Солунчев како хороводец и група ентузијасти и вљубеници во црковната музика. Хорот се заснова на повеќевековната, и теориска и практична музичка традиција на источното или византиското црковно пеење. Хармосини претставува хор кој изведува црковна музика како уметност на Христовата Црква. Музиката што е изведувана од хорот го опфаќа сето музичко искуство на Православната Црква, од нејзините први векови, па се до поновите композитори од Цариград, но и од композитори од Македонија од 19 и 20 век. Досега настапувале на настапи и концерти по Македонија, Русија (Петроград), учествувале во црковни служби, сеноќни бденија и литургии во неколку цркви и манастири во Македонија. Како хор учествувале во создавањето на албумот Детето и белото море на Мизар, како дело на една длабока и плодна соработка.

Во рамките на концертот кој е дел од Бит-Фест хорот Хармосини ќе изведува дела од класичната музичка традиција на Православниот Исток, дела од пост-византиските цариградски композитори како и дела од македонски црковни творци од 19 и 20 век.

You May Also Like