Стенд ап на Бојан Велевски во Кафе Ли за хуманитарни цели

Нова хуманитарна акција на Кафе Ли заедно со Црвен Крст-Центар и Бојан Велевски. Вечерва (сабота, 03.03.2012 година), со почеток во 21:00 часот во Кафе Ли Stand Up настап на Бојан Велевски.

Stand Up настапот со Бојан Велевски – ќе обработуваат охридско-скопските закачки, машко-женските односи и …за другото повелете и самите погледнете.

Средствата од оваа хуманитарна акција која е дел од проектот ПХВ промоција на хумани вредности ќе одат за подобрување на условите на семејството Димовски кои имаат син со церебрална парализа.

Бидете хумани и со секој купен билет ќе донирате за ова семејство и за нивниот син Стефан. Билетите може да ги купите во Кафе Ли или резервирајте на 071 352 107!!!(Цена на билет 100 ден). Воедно ќе можете да донирате и дополнително, покрај билетите, ќе има кутии за донација во текот на целата недела во Кафе Ли.

You May Also Like