Ви го претставуваме репертоарот на КИНО МИЛЕНИУМ почнувајќи од вчера (петок, 02.03.2012 година) за деновите кои следат:
понеделник – петок: 15:00, 17:30, 20:00, 22:30 часот
сабота – недела: 13:00, 15:00, 17:30, 20:00, 22:30 часот
ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ: ФАНТОМСКА ЗАКАНА (3D)
17:30 и 20:00 часот
ВО ЗЕМЈАТА НА КРВ И МЕД
15:00 и 22:30 часот
МАПЕТИ
сабота и недела: 13:00 часот
____________________________________________
ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ: ФАНТОМСКА ЗАКАНА (136 мин.) 3Д
На мирољубивата планета со која владее младата и мудра кралица Амидала (Натали Портман) и се заканува корумпираната Трговска федерација, која е во служба на злобниот лорд Сит и неговиот застрашувачки ученик, Дарт Мол. Наизглед добронамерниот сенатор Палпатин (Ијан Макдермид) работи како советник на кралицата, иако многумина се сомневаат во неговите добри намери. Џедаите Квај-Гон џин (Лијам Нисон) и Оби –Ван Кеноби (Иан МекГрегор) се повикани да извршат истрага во врска со федерацијата.
За време на преговорите, нивен ученик станува младиот Анакин Скајвокер (ЏекЛојд). За тоа време се запознаваат со Џар Џар Бинкс (Ахмед Бест), интересно суштество со лик на гуштер, кој е протеран од својот подводен дом поради својата неумесност. Кога Трговската федерација ќе ја нападне планетата Набу кралицата и нејзините сојузници мораат да се борат против армија на роботи, додека Квај – Гон и Оби – ван се соочуваат со злобниот Дарт Мол.
„Фантомска закана” хронолошки е првиот дел од приказната за јунаците од сагата наречена “Војна на ѕвездите” и е прв филм од серијалот кој е прикажан во 3D технологија.
Режија: Џорџ Лукас
Улоги: Иан МекГрегор, Лиам Нисон, Натали Портман, Џејк Лојд, Ахмед Бест
Проекции: 17:30 и 20:00 часот
ВО ЗЕМЈАТА НА КРВ И МЕД (127 мин.) Дигитал
Во текот на босанската војна, Даниел, војник кој се бори на страната на Србите, повторно се соочува со Ајла, босанка. Таа е сега во заробеништво во камп кој е во заповедништво на Даниел. Нивната некогашна ветувачка врска сега е на друг колосек, со промената на нивните мотиви и чувства.
Режија: Анџелина Џоли
Улоги: Зана Марјановиќ, Горан Костиќ, Раде Шербеџија, Јелена Јованова
Проекции: 15:00 и 22:30 часот
МАПЕТИТЕ (103 мин.)
Мапетите пристигнаа во кино „Милениум“. Главните ликови на оваа нова авантура се Гери, Мери и Валтер, кои ќе мораат да ја соберат старата дружина на Мапетите – кои сега се пензионирани – за да го спасат телевизиското студио во кое некогаш се снимаше нивното шоу.
Главниот негативец е Текс Ричмен кој што сака да го уништи студиото, бидејќи под него се наоѓа големо наоѓалиште на нафта. Единствен за да се спречи Тексовото преземање на студиото е да се организира шоу за десет милиони гледачи… Ќе успеат ли Мапетите?
Режија: James Bobin
Улоги: Jason Segel, Amy Adams, Chris Cooper,Rashida Jones, Zach Galifianakis, Ken Jeong, Alan Arkin, Bill Cobbs
Проекции: сабота и недела: 13:00 часот
Билетите за проекциите можат да се купат на касата на Кино Милениум, секој ден од 10:30 до 22:30 ч., по цена од 150 денари, а за 3-Д проекциите цената е 200 денари.