На 30 и 31 јануари, во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржаа две свечени промоции на доктори на науки од областа на природно-математичките, техничко-технолошките, општествените, био-техничките и хуманистичките науки.
Во свечена атмосфера и на традиционален церемонијален начин, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Велимир Стојковски промовираше 40 кандидати, со што, бројката на лицата кои се стекнале со највисоката титула – доктор на наука на УКИМ е точно 3.272.