На 10 мај 2014 година во Младинскиот културен центар ќе се одржи промо настан за претстојното четврто издание на фестивалот „Здраво млади“ конципирано како настап на средношколски бендови или соло изведувачи, од каде по пат на гласање на публиката, најдобриот изведувач ќе има можност да настапи на фестивалот „Здраво млади“ кој ќе се одржи на 23 мај 2014 година.
Главен предуслов за пријавување е изведувачите да свират исклучиво своја авторска музика, без жанровски ограничувања.
Пријавувањето на заинтересираните изведувачи трае до 15.04 (вторник), до 16.00 часот. За пријава на настанот, изведувачите треба да достават кратка биографија, фотографии, контакт како и демо-снимка или интернет линк до аудио/видео изведба на некоја од нивните авторски песни.
Пријавите се доставуваат на адресата на Младинскиот Културен Центар, кеј Димитар Влахов бр.15 или пак на електронска пошта: info@mkc.mk.