По годинешното издание на Скопскиот филмски фестивал, киното Милениум продолжува со редовниот репертоар.
Репертоарот на кино Милениум е обновен, па од оваа недела премиерно ќе бидат прикажани „Неверојатниот Човек-Пајак 2“ и „НОЕ“, а тука се и „Нулта теорема“, „Рио 2“, „Пибоди и Шерман“, „300:Подемот на империјата“…
Од понеделник (05.05) до петок (09.05) повторно следува вонредна програма во кино Милениум. Во организација на Кинотеката на РМ, ќе се одвива настанот „Прва светска војна – 100 години потоа“, во рамки на кој публиката ќе има можност да погледне монументални дела на филмската уметност.