Училишниот спорт на средни училишта во Скопје во соработка со Одделението за спорт на Град Скопје и Атлетска федерација на Македонија, организираат Градска средноучилишнa лига во атлетика, а покровител на овој настан е Град Скопје.
Во рамките на лигата ќе се оддржат и 4 кола, од кои првото ќе се одржи, денеска (15 ноември, 2012 година, четврток) во Арената Филип II од 10 до 15 часот. Учество на овој настан ќе земат над 350 ученици од 20 средни училишта од Скопје, а натпреварите ќе се реализираат во машка и во женска конкуренција.
Во 12:30 часот на настанот ќе присуствува и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
————————————————————-
ДОПОЛНУВАЊЕ:
Поради лошите временски услови, Градската средноучилишнa лига во атлетика, што беше закажана за денеска и требаше да се одржи во Арената Филип II, се откажува и ќе биде реализирана кога ќе се стабилизира времето.
За датумот и времето на одржување на овој настан, јавноста ќе биде навремено известена.