Излезе во продажба новата книга „Двоглед“ од Стиховен Калибар. Книгата опфаќа повеќе раскази и текстови кои вршат детална опсервација на маратонската транзиција. Авторот се осврнува и на повеќе теми од урбаното живеење, а неуморно ѕирка во секоја пора на општеството вклучувајќи го и градскиот џет с(м)ет .
„Двоглед“ сведочи за безимената земја, но и за армијата сељаци во СкоТје откривајќи им ги вистинските лица и патот на нивната гола амбиција да станат „некој“ наместо да станат „нешто“. Оваа книга Стиховен Калибар ја посветува на неговата изгубена генерација која беше жртва на 20 годишниот општествен колапс . Издавач на книгата „Двоглед“ е издавачката куќа Култура.