Во Културно-информативниот центар, Салон 19,19 денеска (четврток, 15 ноември) во 19:19 часот, ќе се одржи промоција на книгата Драми од Катерина Момева.
Книгата е во издание на Друштвото за издавачка дејност „Маска“, специјализирана за изданија од областа на театарот и драмата.
Истата ќе ја промовираат режисерката Драгана Милошевски Попова и Емилија Матаничкова – литературен и театарски критичар. Извадоци од драмите ќе читаат студенти од Факултетот за драмска уметност.