Средба со Свами Ваишампајан

Заради големиот интерес што  го предизвика доаѓањето на SWAMI Anand Ramesh Vaishampayan од Art of Living Индија, вo петок (2 ноември, 2012) во Спортскиот Центар Борис Трајковски /конгресна сала/ од 19:00-21:00 часот ќе се одржи Блиска вечер со Свами Ваишампајан.

Средбата ќе биде од отворен карактер за сите оние кој сакаат да ги запознаат древните знаења и мудрости на Индија.

SWAMI Anand Ramesh Vaishampayan доаѓа во Македонија како специјален гостин на престојниот Body, Mind & Spirit Festival кој ќе одржи од 03-04.11.2012 година во Скопје.

Swami Vaishampayan е почитуван интернационален учител во рамките на Фондацијата Уметност на живеење кој доаѓа од Индија. Поголемиот дел од животот го поминува патувајќи низ светот со цел ширење на љубов, радост и мир во срцето и душата. Целиот живот го посветува на споделување знаење и мудрост за подобар живот и соживот, полесно справување со секојдневните предизвици и создавање на што поголем број насмевки кај луѓето. Самиот тој плени со својата едноставност и ведрина.

You May Also Like