Желка од цвеќиња пред скопската зоолошка

Минатата недела на зеленото плато пред Зоолошката градина и Природно-научниот музеј, беше поставена фигура на желка. Конструкцијата на желката ја направија ученици од Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, а садниците беа засадени од вработените на ЈП „Паркови и зеленило“.

Планирано е конструкцијата да се менува со сезонски расад и тој да се одржува постојано.

You May Also Like