Женскиот младински хор при МКЦ со награда во Варшава

Од 26. до 28. oктомври, Женскиот младински хор при МКЦ, под диригентство на Сашо Татарчевски, зеде учество на престижниот меѓународен натпревар одржан на универзитетот за музика “Фредерик Шопен“ во Варшава, ја освои втората награда во конкуренција на шеснаесет хорови од повеќе европски и азиски држави.

Освен во натпреварувачкиот дел, хорот настапи и на гала концертот по повод доделувањето на наградите, а одржа и концерт на духовна музика во катедралата Св. Ана во Варшава.

Ова сребрено одличје се надоврза на веќе освоените две злата од меѓународниот натпревар во Хрватска, со што оваа јубилејна година ја прави една од најуспешните во постоењето на хорот.

Годинава Хорот одбележува 40 години од своето постоење.

You May Also Like