Манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2014“ која успешно започна на 8 октомври со голем концерт на активните поп, рок и џез групи и солисти од Кавадарци, продолжува со несмалено темпо.
Денеска петок (17 октомври), во рамките на “Кавадаречката културна есен 2014“ предвидени се два настани. Од 19 часот во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов Климе“ ќе биде отворена изложбата акварели на ликовниот уметник од Штип – Иван Сулевски, а од 20.30 часот во салата на Домот на културата е претставата “Три варијации на една тема“ по текст и режија на Коле Ангеловски, во изведба на Прилепскиот народен театар.
На 24 (20 часот), 27 (18 и 20 часот)и 28 октомври(18 и 20 часот) по десети пат во Кавадрци ќе се одвива “Фестивалот на новиот германски филм“ во кој љубителите на филмската уметност ќе имаат можност да погледнат пет филмови од најновата германска продукција. Во меѓувреме, во сабота на 25 октомври од 19.30 часот, ќе биде прикажана претставата “Лазо“ во изведба на Театарот при Домот на културата од Кавадарци. И двата настани ќе се одвиваат во салата на Домот на културата.
Целта на „Кавадаречката културна есен“ се над 40 настани од областа на културата и уметноста до првите денови на делември за кога е предвидено нејзиното затварање.