Средба со Лидија Димковска и Румена Бужаровска во АКСЦ

Денеска (среда, 19 февруари) во 20:00 часот во АКСЦ ќе се одржи отворена средба со двете македонски писателки Лидија Димковска и Румена Бужаровска. Организатор на настанот е „Бори се женски“.

zensko_pismo_aksc

Во информацијата за настанот се вели:„Лидија Димковска ја одбележа мината година со многуте домашни и странски признанија за неповторливиот роман „Резервен живот“, како и со нејзините цврсти ставови против секојдневните парадокси што не’ гушат.

Румена Бужаровска е писателка од помладата генерација која во своето писмо сосем ноншалантно ги руши воспоставените стереотипи и нуди нови агли за критичка перцепција на секојдневните доживувања.
Ќе зборуваме за нивниот пат и достигнувања, за нивните омилени писателки, женски ликови и се’ друго што ве интересира за женското писмо под модераторство на Ана Василева.

Потсетете се на збирките раскази „Чкртки“ и „Осмица“ на Бужаровска и на романите „Резервен живот“,„Скриена камера“ како и поезијата на Димковска и дојдете да си направиме муабет со овие две исклучителни жени“.

You May Also Like