На 17 Октомври (петок) во 18:30 часот Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија во соработка со Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, ќе ја претстави изложбата од автентични фотографии посветени на Мајка Тереза,од хрватскиот фоторепортер Звонимир Атлетиќ и архивски фотографии од животот на Мајка Тереза во родниот град Скопје.
Изложбата со наслов “Мајка Тереза-Икона на Милосрдието” за прв пат ќе биде претставена во главниот град на Бугарија и за истата владее голем интерес.
Изложбата ќе ја отворат директорите на двете институции, Васко Шутаров и Рената Кутера-Здравковска. Во рамките на изложбата која ќе може да биде видена од посетителите во Софија до 5 Ноември, ќе бидат презентирани и документарни филмови за делото на големата хуманистка, а на неколку паноа ќе биде презентирана и Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје.
Проектот за ова второ поголемо претставување на Спомен куќата и фотографската збирка надвор од земјата (првото беше во Рим, Италија 19 Октомври 2012) е поддржан од нашето Министерство за култура.