Нов филм и хуманитарна акција во Милениум

Од утре (четврток, 20 февруари) на репертоарот на кино Милениум, публиката премиерно ќе има можност да го погледне филмот „Академија за вампири (Vampire Academy)“, базиран на првата книга од популарниот серијал на авторката Ришел Мид, „Академија за вампири – сестри по крв“.

vampireacademy

Останатите филмови на репертоарот секако се: „Монтевидео, се гледаме!“, „Чувари на наследството“, „12 години ропство“, „Зимска Приказна“, како и анимираните „Лего“ и „Снежното кралство“.

Од другите активности на кино Милениум, би сакале да ја најавиме хуманитарната проекција на филмот „Трето Полувреме“, која ќе се одржи на ден 28.02 во 20.00 часот.
Билетот за оваа проекција ќе чини само 100 денари, а средствата собрани од продажба на билети ќe бидат донирани за третман со пресадување матични клетки на младата 27-годишна Марга Велеска, која боледува од церебрална парализа. Средствата и се потребни за реализација на третманот во руската клиника “Neuro Vita – Moskva”.

You May Also Like