Средба со битолски автори во Матица ексклузив

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексkлузив“ утре (26 март, среда) во 12:00 часот ќе се одржи литературна средба со писателите од Битолскиот книжевен круг, на која со свои творби ќе се претстават дванаесет автори.

stack-of-books

Во оваа пригода ќе бидат промовирани делата: „Дива мисла“ од Владимир Костов, „Разглопки“ од Радован П. Цветковски, „Ќерката Кети“ од Никола Кочовски, „Борјан“ од Петре Димовски, „Последната корида на душата“ од Панде Манојлов, „Со проштение“ од Добре Тодоровски, „Залив за задоволства“ од Кире Неделковски, „Неука филозофија“ од Елизабета Јончиќ и „Воздишки на ветерот“ од Милица Димитријовска – Радевска, во издание на „Матица македонска“ од Скопје.

За најновите остварувања на писателите од Битолскиот книжевен круг ќе говори проф. д-р Златко Жоглев, ректоr на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола.

You May Also Like