Во рамките на големата еколошка акција за засадување бели рози, се облагороди просторот и во зеленилото во Зоолошката градина …
Во рамките на големата еколошка акција за засадување бели рози на јавните површини со наслов „Македонија земја на цвеќето – Земја на розата“ денеска /25.03.2014 година/ беа засадени 300 рози во зеленилото во Зоолошката градина, во дворот на ученичкиот дом ЈУУДГС „Здравко Цветковски“ и пред средното училиште „Јосип Броз Тито“. На трите локации беа засадени по 100 рози.
Акцијата за засадување рози продолжува и во наредните денови, на повеќе места во Градот Скопје, како и на целата територија на Република Македонија. Розите ќе бидат засадени како дополнување на зеленилото по должината на булеварите, во парковите, на кружните текови и на други зелени јавни површини.
Розите важат за растенија кои имаат најголема апсорбирачка моќ на тешките метали од почвата. Со оваа акција, ќе се разубави просторот, а и активно ќе се придонесе за почиста и поздрава животна средина.