Пивтијада 2012 во Автокоманда

На 19.01.2012 година (четврток) по повод верскиот празник Водици, на плоштадот во Автокоманда, традиционално ќе се одржи манифестацијата „Пивтијада 2012“ која ќе биде од  хуманитарен карактер.

На оваа Манифестација учество ќе земат жителите од сите месни и урбани заедници од општина Гази Баба, членките на Организација на жени од Општината, ресторани и преставници од останатите општини од Градот Скопје.

Средствата собрани од продажбата на пивтиите се наменети за Детската клиника – оддделение за неврологија.

You May Also Like