Министерката Елизабета Канческа-Милевска денеска оствари средба со делегација од Република Турција. Делегацијата ја информираа министерката за култура дека градот Ескишехир од страна на УНЕСКО беше прогласен за град на турската култура за 2013 година…
На средбата која помина во срдечна атмосфера беа истакнати добрите пријателски односи меѓу Македонија и Турција како и одличната соработка во областа на културата што е потврдено со реализација на многу проекти. Членовите на делегацијата ја информираа министерката за култура дека градот Ескишехир од страна на УНЕСКО беше прогласен за град на турската култура за 2013 година.
Во рамките на манифестацијата чија цел е преку разни активности да се зајакне соработката на земјите со турско население, по повод одбележување на почетокот на пролетта од 8 до 22 март, ќе се одржи фестивал на кој ќе настапи и АКУД Мирче Ацев од Скопје. На овој настан од областа на култура на „Средба на сликари од туркофонскиот свет“ учествуваат и македонските уметници Х. Карабата и Б. Кочишта.
Министерката за култура ја истакна досегашната одлична соработка во областа на културата меѓу двете министерства што е потврдено и со реализација на повеќе проекти како изградбата на Спомен куќата на родителите на Мустафа Кемал Ататурк во Коџаџик, центар Жупа и почетокот на изградбата на Турскиот театар. На средбата членовите на делегацијата упатија отворена покана до министерката Канческа-Милевска за присуство на затворањето на манифестацијата Ескишехир- град на турската култура .

